Фјури се соблече во гужвата на прес-конференцијата со Вајлдер (ВИДЕО)

Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер се скараа и направија вистински хаос на прес-конференцијата во Лос Анџелес пред големиот боксерски спектакл во сабота.

Прво се навредуваа, а потоа работата стигна и до физичка пресметка. Фјури тргна кон Вајлдер, а тој му се закани со прстот во око. Луѓето од двата табори се обидоа да ги разделат, а потоа настана вистински хаос на сцената.

Речиси на ист начин беа и на претходните две прес-конференции. Многумина сметаа дека тоа е глумење за потребите на борбата, а за други провокација како дел од тактиката да се исфрли противникот од колосек.

„Ако Фјури го исфрустрира Вајлдер како што му направи на Кличко, може да го победи. Но, ако Дионтеј го потфати Фјури, борбата може да заврши во истиот момент. Ќе биде интересно, бидејќи се работи за два различни стилови и прашање е кој стил ќе преовладува во рингот. Ниеден од нив немал таков противник досега“ – изјави поранешниот шампион Ленокс Луис.

Фјури (30) во дуелот со три години постариот Вајлдер влегува со 27 победи од исто толку мечеви, од тоа 19 со нокаут. Вајлдер го брани својот ВБЦ појас и има 40 побeди од 40 мечеви со 39 нокаути.

https://www.facebook.com/ShoBoxing/videos/333950310754384/

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON