Тајсон Фјури претрпе нов болен пораз од Александер Усик, па иако веднаш по крајот на борбата најави дека има големи шанси да се повлече, ова попладне и дефинитивно ја потврди оваа вест.
Големиот шампион беше непоразен во кариерата се до пресметките со извонредниот Украинец, од кого загуби по две големи битки во кои пресудни беа судиските одлуки.
Фјури остана цврсто да стои со нозе во рингот по 12 комплетирани рунди во двете исцрпувачки борби, но судиите му даваа предност на Усик, кој сега се покажува како боксер кој го испраќа „Џипси Кинг“ во пензија.
„Поздрав до сите, ќе бидам краток и јасен. Сакам да објавам дека се повлекувам од боксот. Беше неверојатно искуство, уживав во секоја минута….“, започна Фјури, кој потоа се одјави со бизарна и мистериозна порака.
„Дик Турпин (англиски разбојник од 18-от век) носеше маска….. Бог да ве благослови, се гледаме на другата страна“, заврши за крај Фјури.
🚨 Tyson Fury has just announced his retirement from boxing 😮
📹: @Tyson_Fury pic.twitter.com/AOiDJYA17V
— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) January 13, 2025
Фјури и претходно во кариерата знаеше да објави дека се повлекува, за потоа да се врати, но сега навистина големи се шансите дека не „блефира“ и дека Британецот заврши со своите настапи во професионалниот бокс.