Фјури: Само смртта може да ме натера да прекинам со боксот!

Британскиот боксер Тајсон Фјури дека парите, победите и титулите повеќе не го мотивираат да се бори, туку се обидува да го спаси своето психичко здравје и затоа нема намера да се пензионира.

Фјури во интервју за „БТ Спортс“, пред битката со Дерек Чисора закажан за 3 декември, зборуваше за неговото здравје и можниот спектакл против Украинецот Олександр Усик.

„Откако го победив Дилијан Вајт, се колнам дека навистина мислев да одам во пензија. Бев три месеци надвор од рингот, пишував книга, но без боксот немам цел во животот. Си играм со оган. Јас сум себична личност, требаше да останам во пензија. Не знам кога ќе прекинам со боксот. Имаме 34 години и неколку операции, но мислам дека само смртта може да ме натера да прекинам со бокс, освен ако не добијам помош од некој доктор“, вели Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON