Тајсон Фjuри и Владимир Кличко не можат да се разберат за премиите, кои треба да ги добијат за нивната средба следниот месец.
Според украинското издание „Спорт“, Британецот инсистира да добие 80 проценти од приходите, што е четири пати повеќе од оние на Кличко. Украинецот сепак не се согласува со овие услови и веројатно ќе се обрати на судот, тврдејќи дека Фјури го нарушува претходно потпишаниот договор за реваншот.
Борбата требаше да се одржи на 9 јули, но беше преместена за 29 октомври во Манчестер поради повреда на британскиот боксер.