Желбата на Тајсон Фјури да су ја испроба силата во мешаните боречки вештини кружи веќе некое време во боречките вештини, а сега Британецот реши да ја испроба својата моќ во ММА.
Додека се подготвуваше за враќање во боксерскиот ринг следната година, „Кралот на Ромите“ одржа тренинг со опрема на УФЦ. Шампионот во тешка категорија ВБЦ сподели видео од активност со своите следбеници на социјалните мрежи, импресионирајќи ги со должината.
Nice 6 rounds in my @ufc gloves pic.twitter.com/C9EthI7GX0
— TYSON FURY (@Tyson_Fury) November 19, 2020
„Добри шест рунди со УФЦ ракавици“, напиша Фјури на видеото како удира во крушка опремена со ракавици од најпопуларниот ММА синџир.
Британецот веќе го предизвика Френсис Нгану за средба во кафезот, а можно е тоа да се случи во блиска иднина.