Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, вети дека ќе ја заврши кариерата на поранешниот првак Владимир Кличко.
„Јас повторно ќе го победам Кличко и тогаш се ќе заврши. Тој може да стане политичар, како неговиот брат Виталиј, или, пак, ѕвезда во Холивуд, како жена му. Сите така се обраќаа кон Кличко, се едно, тој е Супермен. А, јас не. Повеќето од неговите противници ги губеа борбите уште во нивните глави, многу порано пред почетокот на мечот. За мене, тој беше само човек со боксерски ракавици“, вели Тајсон Фјури.
Се очекува средбата да се одржи на 4 јуни.