Фјури: По оваа што го видов 100 посто сум сигурен дека ќе го нокаутирам Вајлдер

 

Поранешниот владетел во тешка категорија Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) со интерес го следеше дуелот Вајлдер – Ортиз.

ВБЦ шампионот танцуваше на работ на нокаутот во 7 рунда, но на нозе го издржа налетот на Кубанецот.

Вајлдер претходно го соборуваше Ортиз во петата рунда и го заврши во 10-тата. Иако Американцот победи со прекин, иритирачко е што во моментот на завршувањето на борбата кај сите судии имаше предност на поени од 85-84, иако впечатокот е дека почетните рунди требаше да му припаднат на предизвикувачот.

29-годишниот Англичанец неактивен е од борбата со Владимир Кличко во ноември 2015 година и во моментов подготвува да се врати во рингот.

По победата против Украинецот, “Кралот на Циганите“ отпатува во САД и се соочи со Вајлдер по победата над Артур Шпилка. Се чинеше дека се на пат за меѓусебен дуел, но тоа не се случи.

Гледајќи ја неговата последна изведба Фјури е увеерн дека ќе го нокаутира Вајлдер.

„Најмалку што може да се каже е дека тоа беше голема борба, вредеше да се остане буден за неа. Но, по ова нема сомнежи дека може да го победам Дионтеј Вајлдер, рече Фјури.

„Сè во врска со него ја прави таа борба лесна за мене. Веќе ветив дека ќе го нокаутирам кога било и каде било“.

„А по оваа последната борба стопроцентно знам дека тоа е вистина. Ако некогаш се бори со мене, ќе го нокаутирам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON