Му дозволи 3 бескомпромисни битки и сега сака да го гледа како се бори за сите појаси.
Тајсон Фјури и понатаму верува дека Дионтеј Вајлдер е вториот најдобар тешкаш во светот и дека е единствениот достоен да го замени во борбата за неприкосновен светски шампион во борбата против победникот од мечот меѓу Ентони Џошуа и Александар Усик.
Џиписи Кинг во саботата ни овозможи уште еден незаборавен настап во кој го сопре првиот предизвикувач Дилиен Вајт со страшен аперкат во 6-тата рунда во борбата во која дотогаш доминираше. По прогласувањето на победникот, Фјури најави дека се повлекува од боксот и покрај долгоочекуваната борба за обединување на сите појаси. Џошуа и Усик треба да се борат на крајот на јули, што значи дека борбата за обединување на сите појаси би можела да се одржи подоцна оваа година.
Ако остане доследен на својата одлука за пензионирање, би сакал во таа борба да го види својот долгогодишен ривал Дионтеј Вајлдер, кого сè уште го смета за најголема закана во категоријата, изјави тој за Beyond The Gloves.
„Би сакал да го видам Вајлдер против победникот во нивната борба. Тој сè уште е рангиран како најдобар предизвикувач на ВБЦ и покрај неодамнешните порази, но тоа зависи од нив. Сепак, едно нешто е непобитно, а тоа е фактот дека Дионтеј го одбрани неговиот шампионски појас 10 пати и со тоа го израмни рекордот на Мухамед Али“.
Со оглед на тоа што Вајлдер му го пружи на Фјури, можеби најголемиот отпор досега, оваа изјава има смисла. Пред неколку години борбата меѓу Џошуа и Вајлдер беше една од најпосакуваните борби што никогаш не се одржа, а на овој начин можеби ќе имаме шанса да ја гледаме. Се разбира во случај Џошуа да го победи Усик. Доколку Усик победи на реваншот, би можел да го дочека еден од најголемите нокаутери на сите времиња.