Фјури не го интересира мечот против Усик: Прва станица е Френсис Нгану, а потоа банката

На почетокот на годината беше направен обид да се организира боксерски меч за апсолутниот шампион во тешка категорија меѓу шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури и Александар Усик, сопственик на појасите на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО.

Разговорите се одолговлекуваа, бидејќи Кралот на Ромите постојано доаѓаше со нови барања, а потоа на Украинецот му се смачи и се повлече од преговорите.

Така пропадна и последниот обид да се организира меч за обединување на титулите на светскиот шампион во тешка категорија.

И двајцата се свртеа кон нови предизвици. Усик неодамна го совлада Дубоа со нокаут во деветтата рунда, а Фјури ќе боксира против Френсис Нгану на 28 октомври во Ријад.

А одлуката на Фјури да се бори со поранешниот шампион на УФЦ, за кого тоа ќе биде прв боксерски меч во кариерата, разочара многу љубители на боксот.

На сите им е јасно дека Фјури повеќе го интересираат пари отколку борбата против Усик, што го потврди и во изјава за ТВ ИФЛ.

„Веќе не ме интересира тоа ѓубре. И Дубоа го претепа. Тој го нокаутира Усик со тој удар во телото. Тој е полутешкаш и повеќе не ми е важен“, изјави Тајсон Фјури и го откри својот план:

„Првата станица е Френсис Нгану, а потоа банката“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON