Тајсон Фјури во WWE стил дојде да го предизвика Дионтеј Вајлдер по неговата победа над Артур Шпилка.
„Сите го знаеме Фјури, тој е само лажго. Ова е само глумење. Знаеш кој сум, знаеш кога и каде. Од никого не се плашам, ќе дојдам во твојот двор. Кога ќе бидеш подготвен за вистински борец кажи”, викаше Вајлдер.
“Не се труди. Слушај, било кога и било каде, ќе се борам против тебе во твојот двор, како што се борев со Кличко и ќе те победам како што го победив него, клошару. Ти си клошар“, одговори другиот светски шампион.
“Ова е само глума. Ти не си борец. Јас не си играм. Ова не е борење. Ова не е WWE. Кога ќе стапнеш во рингот со мене, може да трчаш наоколу како проповедник, но ветувам дека ќе те „крстам“. Би сакал во следната борба да се најдам со него. За жал, имам задолжителна одбрана, но ќе договориме пресметка Тајсоне, ти ветувам“, изјави Американецот.
1Меѓу познати лица од светот на боксот во Бруклин се најде и задолжителниот предизвикувач за титулата на ВБЦ, Александар Поветкин, кој треба да биде следниот противник на Вајлдер во мај или во јуни.