Фјури: Можеби, сепак, на крајот ќе се опростам против Дел Бој на „Олд Трафорд“

Тајсон Фјури вели дека планира да ја заврши кариерата откако ќе направи уште три борби.

31-годишниот Британец прво на 22 феврурари се бори со шампионот на ВБЦ Дионтеј Вајлдер.

После тоа би сакал борба против Ентони Џошуа, а се предомисли за последната борба.

Наместо меч со Дилиејн Вајт „Кралот на Циганите“ сега сака да се опрости со трета борба со Дерек Чисора во родниот град на стадионот Манчестер Јунајтед.

„Не сакам ништо од боксот. Едноставно, само сум среќен со тоа што го правам. Оди убаво и полека и само патем ќе земам уште неколку скалпови пред да ги закачам ракавиците на клин, уште три. Ќе го нокаутирам Вајлдер, а тогаш тој нема да сака терта борба. Потоа ќе се борам со Ентони Џошуа и ќе го победам и него“.

„Тогаш … Секогаш му говорев на мојот стар пријател Дерек Чисора дека прошталниот меч ќе го направам против него. Така што, можеби ќе имам опростување на Олд Трафорд со Дел Бој по се. И тогаш може да се спушти завесата на фантастична кариера“.

Фјури го победуваше Чисора во 2011 и 2014 година. Во првата борба за првак на Британија и Комонвелтот „Кралот на Циганите“ славеше со едногласна одлука на судиите, а во реваншот три години подоцна Фјури убедливо го совлада со прекин по 10-тата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON