Фјури: Ќе продолжам да го победувам Вајлдер повторно и повторно

Откако Тајсон Фјури повторно доби на интензитет, изгледа реваншот со Дионтеј Вајлдер е неизбежен во 2020 година, ако Фјури ја добие следнатаи борбаа со Луис Ортиз во октомври или ноември.

Англичанецот во моментов е во врвна форма и не престанува да размислува за реванш меч со Американецот.

„Ќе се сретнеме со Дионтеј Вајлдер. Овој дуел ќе се случи. Имаше три перјаници во тешка категорија. А сега има само две. А веќе го победив еднаш, така што ќе продолжам да го победувам повторно и повторно. Тој нема повторно да се соочи против 50 отстотен Тајсон Фјури. Ќе добие сè од мене – се врати, активен е, во одлична форма“, изјави Фјури.

За време на првата борба Вајлдер два пати го испрати на подот Фјури, но „Кралот на Ромите“ успеа да стане и во двата наврати, за потоа да стигне до нерешен резултат по 12 рунди борба во декември.

„Ова е тешка категорија и се може да се случи. Но начинот на кој боксирам и мојот стил – мислам дека тоа е криптонит за секого. Ако не ме нокаутраш, како што се гледа – ​​тоа не може да се случи, треба да ме држиш на подот. Ако не успееш – тогаш ќе продолжам да добивам“.

Последната средба на Фјури беше минатиот викенд, во која лесно го совлада Германецот Том Шварц во две рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON