Тајсон Фјури (28-0-1, 20 КО) понатаму мора да го брани изборот на следниот противник.
Британецот кој пред една недела го прослави 31 роденден во својата втора борба во Лас Вегас на 14 септември се среќава со Ото Валин (20-0-1НЦ, 13 КО).
Иако 28-годишниот Швеѓанец е непоразен и е рангиран високо на листите на големите федерации, како и со неговиот претходен противник Том Шварц, ова е борец кој не е познат многу подалеку од боксерските кругови.
„Кралот на Ромите“ не сака да го загрози големиот реванш со Дионтеј Вајлдер кој е планиран за февруари следната година, но Фјури вели дека Валин не бил првиот избор.
„Понудивме борба на Александар Поветкин, Кубрат Пулев, Џарел Милер, Чарлс Мартин и Тревор Брајан … листата продолжува. Сите тие или не можеа или не сакаа да се борат. Дојдовме кај Ото Валин кој рече дека се согласува. Поедноствано беше така“.
„Тоа,што останувам активен, ме прави ментално фокусиран. Во едно сум сигурен, а тоа е кога знам дека нешто ме чека, тоа ме држи фокусиран. Ова го кажав и на Боб Арум – држи ме активен. Тој направи фантастична работа “.
Кубрат Пулев е задолжителен предизвикувач на ИБФ и ја чека борбата за титулата светски шампион во тешка категорија, додека Поветкин, кој го загуби со нокаут во последната борба со Ентони Џошуа минатиот септември, прифати меч со братучедот на Тајсон, Хјуи Фјури.
„Не е изненадување што одбија, бидејќи ќи им го потпрашеше газот. Едниот ќе го испрашеше до Бугарија, а другиот до Русија. Којбило ден во неделата, двапати во седмично“.