Фјури хонорарот од 10 милиони долари од мечот со Вајлдер го донира на бездомниците

Британскиот боксер Тајсон Фјури потврди дека ќе го донира хонорарот од мечот со Дионтеј Вајлдер за помош бездомниците. Сумата е 10 милиони долари, која според волјата на Фјури ќе биде донирана за сиромашните луѓе и за изградба на домови на бездомници.

„Не сакам да станувам милионер или милијардер. Јас сум боксер, а не бизнисмен. Кога ќе умрам, нема да понесам ниту цент во гробот, затоа подобро да ги раздадам парите на луѓето кои сега имаат потреба од нив. Исто така сакам да направам фондација за помош на зависниците од дрога и алкохоличари. Погоден сум од бројот на бездомници во Лос Анџелес.

Видов илјадници само за пет минути од центарот. Во Велика Британија, ситуацијата е слична. Моите деца ќе влезат во животот сами, без да го користат моето име. Не сакам да живеат на грбот на мојата репутација. Децата на богатите родители често не прават ништо сами по себе, бидејќи имаат сè. Никогаш не ми беше лесно, се што постигнав е со тежок труд“, рече Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON