Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури (34-1-1, 24 КО) му се закани на неприкосновениот шампион во дивизијата Александар Усик (22-0, 14 КО) пред нивниот реванш на 21 декември.
Потсетуваме, Украинецот пред речиси еден месец победи со поделена одлука и му го нанесе првиот пораз во кариерата на Џипси Кинг. Усик, исто така, стана првиот што ги држи сите појаси по Ленокс Луис.
„Слушај сега! Во боксот освоив се – титули, рекорди и многу повеќе. Но, никогаш не морав да се вратам од пораз. На 21 декември во Ријад, во срцето на кралството, кралот ќе си го врати тронот и ќе стане апсолутен шампион. Усик, доаѓам по тебе! Подгответе се за средба со Ромскиот крал!“, рече тој во објавата на социјалните мрежи.
‼️ Tyson Fury back in the gym today ahead of the Oleksandr Usyk rematch on Dec 21st: "The king will reclaim his throne. Usyk I’m coming for you. The path to redemption is all mine. I know what I have to do, I saw my shortcomings, best believe I am inevitable."
[🎥 @Tyson_Fury] pic.twitter.com/y4J9NXkVWS
— Michael Benson (@MichaelBensonn) June 13, 2024