На потпишувањето на својата автобиографија во Лондон, Тајсон Фјури повторно зборуваше за Стипе Миочиќ.
Веќе е познато дека поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија не може да сфати сериозно за секој збор.
30-годишниот „Крал на Циганите“пред извесно време изрази желба да се бори во ММА меч. Неговата прва желба е шампионот во УФЦ, Стипе Миочиќ. Во вчерашнето интервју рече дека не го интересира ММА меч со Миочиќ, но дека силите со американскиот Хрват ќе ги одмери во боксерскиот ринг.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт за неговата идеја за ММА рече дека не разбира зошто боксер со неговиот статус впушта во нешто во кое нема шанси за победа.
„Не ги видов коментарите на Дана Вајт, но таткоги виде и го предизвикав заради тоа“, рече Фјури за ТВ ИФЛ.
„Јас би го скршил бесплатно, така што тоа не ме замара. Слушајте, секој има свое мислење. Не ми е гајле. Веројатно би ме разбиле во многу работи, но дали ми е загрижува тоа? Не”.
Потоа додаде дека тој и Дилијан Вајт декаби требало заедно во таг-тим меч 2 на 2 да се борат со Миочиќ и Нгану.
„Јас би се борел со Стипе, а Дилијан Вајт може да се бори против Френсис Нгану. Сигурен сум дека тој е за тоа. Таг-тим. Британија против ММА“.