Фјури брзо се предомисли: Мислевте ќе се отарасите од „Кралот на циганите“

tyson-fury-so-faca

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури одново е во центарот на вниманието откако на Твитер напиша дека ќе се пензионира, но само неколку часа подоцна се предомисли.

Британецот на 29 октомври требаше да има реванш со Владимир Кличко, но минатата недела се повлече од борбата со образложение дека не е ментално подготвен да боксира.

Потоа беше објавено дека тој паднал на допинг тест направен на 22 септември и дека бил позитивен на кокаин.

Светскиот шампион попладнево на социјалните мрежи најави дека се пензионира и на Твитер напиша:

 „Боксот е најтажното нешто од кое сум бил дел, сето тоа е еден куп со го*на. Јас сум најдобриот а исто така сум и пензиониран, па пушете к*р и имајте убав ден.

Откако сите медиуми пренесоа дека Тајсон Фјури се повлекува, боксерот одново се огласи и најави дека не оди во пензија.

„Хахаха, мислевте дека толку лесно ќе се отарасите од „Кралот на циганите“! Останувам – гласеше новата порака на Твитер.

Веднаш штом ќе се опоравам ќе го одбранам она што е мое – тронот во тешка категорија.

„Ја добивам потребната помош и ќе се вратам посилен, обидете се да ме сопрете!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON