Фјури: Британската антидопинг агенција ме шиканира

Тајсон Фјури во понеделникот беше на сослушување пред Британската антидопинг агенцијата (UKAD).

Поранешниот светски шампион во тешка категорија планира да се борат 8 јули, но прво мора повторно да добие лиценца. Поради проблеми со менталното здравје и дрогата не се бореше од ноември 2015 година, кога го победи Владимир Кличко

Рече дека не користел допинг и дека Британската антидопинг агенција го шиканира. UKAD во јуни 2016 година го обвини за користење на допинг. Неговиот тим најави дека ќе ги тужат, бидејќи резултатите од тестовите се направени одамна, во март и мај 2015 година, покажуваат контрадикторни резултати.

28-годишниот боксер ги ослободи титулите и се најде пред суспензија додека трае истрагата откако призна за употребата на кокаин и менталните проблеми.

„Никогаш во животот не сум земал допинг. Тие луѓе може да зборуваат што сакаат, но ќе ги тужам за она што ми го направија на мене … Бев тестиран веќе 50 до 60 пати, а понекогаш и три пати неделно, крв и урина. Ова трае уште многу порано пред борбата со Кличко“, изјави тој за Дејли телеграф.

„Ако бев позитивен зошто тогаш не ме суспендираа? Тоа никогаш немаше смисла. Дури бев и на средба со нив и тие ми рекоа да не се грижам. Петнаесет месеци подоцна кажуваат дека сум суспендиран“.

Фјури рече дека UKAD го шиканира, бидејќи минатиот петок му дошле ненајавено за да направат допинг тест.

„Бев многу шокиран. Ми рекоа дека сум дошле да направат ненајаве допинг тест. Покрај се она што се случува, уште очекуваа да бидам суперфин спрема нив, како и што бев“.

„Им објаснив … дека сум надвор од рингот за 18 месеци, но UKAD инсистираше да ме тестира во петокот. Можеби сакаа да ги избркам за да можат автоматски да ме суспендират. Дозволив да ме тестираат, затоа што немам што да сокривам. Но, тоаа вознемирување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON