Во Лас Вегас се одржа мерењето меѓу Тајсон Фјури (27-0-1, 19 КО) и Том Шварц (24-0, 16 КО).
Поранешниот светски шампион во тешка категорија влегува во мечот со 119,3 килограми, што е повеќе од три килограми кога во декември се бореше со Дионтеј Вајлдер.
Непоразениот 25-годишен Германец на мерењето имаше 111,1 килограми, односно 8,2 помалку од 30-годишниот Британец. Интересно е тоа што тежината на Шарц два пати беше различно прочитана на официјалното мерење. На првото утринско мерење беше објавено дека има 111,1, а на второто тежел 106,8 килограми.