Фјури 10-те милиона евра од пресметката со Вајлдер им ги донира на бездомниците

Британскиот боксер Тајсон Фјури, неодаман успешно ја заврши трилогијата против Американецот Дионтеј Вајлдер и ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија. „Кралот на Ромиете“ заработи десет милиони евра, но одлучи да не ги задржи, тукуда ги донира сите до последната пара и тоа на бездомниците.

„Би ги донирал и последните пари што ги имам, но не се знаимавам со хуманитарна работа за другите да зборуваат за тоа. Го правам тоа за да им помогнам на луѓето и не сакам да ме слават заради тоа. Воопшто не сакам да ме викаат хуманитрец“, изјави Британецот.

На Британецот очигледно дека славата не му удрила во глава. Едноставно сака да биде обичен човек.

„Никогаш не сум имал голема корист од парите. Не сум заинтересиран да станам милионер. Парите ќе им ги дадам на сиромашните и ќе изградам куќи за бездомниците“, рече Фјури.

Тајсон сега го очекува исходот од реваншот меѓу Британецот Ентони Џошуа и Украинецот Александар Усик. Во првата борба славеш Усик и ги освои титулите на ИБФ, ВБО и ИБО верзиите, доколку Џошуа успее да си ги врати во реваншиот ќе боксира за апсолутен светски шампион во тешка категорија со Тајсон Фјури, дококу не успее, тогаш Фјури оваа борба ќе ја одработи со Украинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON