Фирас Захаби бара од УФЦ да направат нова категорија до 165 фунти (74, 8 килограми), за да може неговиот борец Жорж Сент Пјер да се бори против шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов. И двајцата изразија желба за борба, но да се симне до лесна е голоем тест за ЖСП, кој минатата година ја освои титулата во средна категорија. Захаби рече дека Жорж тренира и може да се врати оваа година.
„ЖСП е во сала и тренира, како што правел секогаш. Се надевам дека ќе се врати оваа година. Од она што го знам во УФЦ нема категорија до 165 фунти. Постојат гласини дека ќе создадат таква категорија, а ако го сторат тоа, Жорж ќе пројави интерес.
Со сигурност најдобра битка во таква категорија ќе биде средбата со Хабиб Нурмагомедов. Мислам, ако има таква категорија, тогаш Жорж Сент Пјер и Хабиб треба први да се борат еден против друг за титулата“.
Од страницата MMA TEAM DAGESTAN споделија информација дека нешто околу Хабиб се променило и ако ЖСП сака да се бори против него ќе мора да почека до есен:
https://twitter.com/MMATeamDagestan/status/1085247294461669376?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Ffiras-zahabi-iska-nova-kategoria-v-koyato-georges-st-pierre-da-se-bie-s-khabib
Во моментов Хабиб е казнет од Атлетската комисија на Невада и ќе се појави на сослушувањето на 29 јануари. Се вели дека ќе се врати во април, но ако неговата казна е поголема, тој нема да се бори пред септември, затоа што ќе пости пред Рамазан, а потоа му требаат неколку месеци да се подготви.