По една недела пуза Даниел Филипов-Смок повторно имаше борба за својот АСВ Боден од Германија во германската Обергрупе лига, при што не дозволи да има изненадување-победи со туш.
Поранешениот борач на БК Спартак од Кочани, кој настапува во категоријата до 98 килограми за противник го имаше Фабјан Кефер од АЦ Талајсвалја.
„Потврдив дека сум му потребен на мојот клуб, бидејќи го победив Кефер со туш во втората рунда“, вели Филипов.
ipon.mk/В.Д.