Филипинскиот претседател Родриго Дутерте објави дека го гледа боксерот Мани Пакијао како негов наследник. Поранешниот светски шампион во осум категории во моментов е сенатор – позиција што ја обезбеди по изборите во 2016 година.
„Еден ден кога бевме сами, му реков дека сакам да стане претседател. Тој донесе толку многу гордост и радост на нашата земја, благодарение на неговиот успех во боксот. Решеноста и смиреноста, се вплатени во триумфот и се достојни за поддражување“, изјави Дутерте на вечера во чест на роденденот на Пакијао.
Во својата професионална кариера во рингот 39-годишниот Мани Пакијао забележа 59 победи, 7 порази и 2 нерешени борби.
Во неговата последна битка во јули, Пакијао загуби од Џеф Хорн и му го предаде појасот за светски шампион на ВБО. Мечот заврши со 12 рунди, по што судиите едногласно му ја доделија победата на Австралијанецот. Сепак, Пакијао не се согласи со нивната одлука и ја прогласи за „неправилна“, сакајќи резултатот од дуелот да биде преиспитан.