Вечерва Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“ го доби признанието за најуспешен спортист на Кочани во 2024 година. Стојанов има учествувано на Државно, Балканско и Светско првенство, а има освоено девет-први места и три-втори места, во државата и странство.
На свечената церемонија во НЦУК „Бели мугри“ беа доделени признанијата за најуспешените спортисти во изборот на Општина Кочани и Асоцијацијатата на новинари од Кочани,
Второто место му припадна на Мартин Андонов од КГС „Кочани“, а третото на Наталија Карова од КК „Кочани“.
Ана Ајтовска, Филип Ангелов, Јован Арсов и Владимир Трајков добија плаќети за учество во iiзборот на Спортист на годината.
Дипломи добија млади надежни спортисти, вкупно 21.
Најдобра екипа е Карате клубот „Кочани“.
За најдобар тренер е прогласен Зоран Сребренов од Боречкиот клуб „Спартак“. Сребренов е претседател и тренер на клубот, во периодот од три години од неговото раководење, клубот успеа да се врати во првите пет најдобри во дражавата.
Столе Тошев е избран за најдобар спортски работник. Тошев е долгогодишен спортски работник, во 2014 година ја формирал Фудбалската академија „Младост Тошев“ – Оризари, при што таа работи со млади фудбалери и сениорска екипа, која се натпреварува во Општинската лига – Кочани. Истовремено, ја врши и функцијата секретар на Третата фудбалска лига – Исток и на ОФС – Кочани.