Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“ е најуспешен спортист на Кочани за 2024 година. Тој има учествувано на Државно, Балканско и Светко првенство, а има освоено девет-први места и три-втори места, во државата и странство.
Така одлучија Општина Кочани и Асоцијацијатата на новинари од Кочани го реализираа
Второто место му припадна на Мартин Андонов од КГС „Кочани“, а третото на Наталија Карова од КК „Кочани“.
Ана Ајтовска, Филип Ангелов, Јован Арсов и Владимир Трајков, ќе добијат плаќета за учество во iiзборот на Спортист на годината.
Сите предложени mлади надежни спортисти на број 21, ќе добијат дипломи.
За најдобра екипа е избран Карате клубот „Кочани“.
За nајдобар тренер е прогласен Зоран Сребренов од Bоречкиот клуб „Спартак“. Тој е претседател и тренер на клубот, во периодот од три години од неговото раководење, клубот успеа да се врати во првите пет најдобри во дражавата.
Столе Тошев е избран за nајдобар спортски работник. Тошев е долгогодишен спортски работник, во 2014 година ја формирал Фудбалската академија „Младост Тошев“ – Оризари, при што таа работи со млади фудбалери и сениорска екипа, која се натпреварува во Општинската лига – Кочани. Истовремено, ја врши и функцијата секретар на Третата фудбалска лига – Исток и на ОФС – Кочани.
Наградите и признанијата ќе бидат доделени нс 30 јануари.