Филип Хрговиќ на 23 декември ќе боксира во Ријад против Австралиецот Марко де Мори

Најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ ќе настапи на 23 декември на голема боксерска манифестација во Саудиска Арабија, а противник нема да му биде Мартин Баколе, туку Австралиецот Марк де Мори.

Непоразениот Филип има 16 победи (13 нокаути) во кариерата и доколку го победи Де Мори (42-2-2, 37 КО) би требало да добие шанса да се бори за титулата на ИБФ, а противникот веројатно би требало да биде подобриот од Ентони Џошуа – Ото Валин.

Дуелот меѓу Џошуа и Валин ќе биде главната борба на боксерскиот спектакл што кон крајот на годината ќе се одржи во Ријад.

Имено, на 17 февруари следната година Тајсон Фјури и Александар Усик ќе се борат за обединување на титулата светски првак во тешка категорија, но бидејќи во договорот има клаузула за реванш и доколку истата биде активирана, ИБФ објави дека појасот ќе биде земен од победникот.

Марк де Мори (41) е австралиски боксер со хрватски корени кој десет години живеел во Хрватска. Од неговиот пораз во јануари 2016 година од Дејвид Хеј, тој има 11 победи во низа, од кои десет завршиле со прекин.

Неговиот последен меч беше во септември кога со одлука на судиите го победи Индонезиецот Мајкл Спид Сигарлаки.

Наскоро и официјално ќе биде објавена целосната програма на настанот, која би требало да изгледа вака:

Ентони Џошуа – Ото Валин
Дионтеј Вајлдер – Џозеф Паркер
Дмитри Бивол – Линдон Артур
Џаи Опетаја – Елис Зоро
Даниел Дубоа – Џарел Милер
Арсланбек Махмудов – Агит Кабајел
Френк Санчез – Јуниор Фа
Филип Хрговиќ – Марк де Мори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON