Филип Додевски (-78 кг) во првото коло на Европското таеквондо првенство во Ларнака, Кипар, го совлада Италијанецот Ахиле Кенами со 27-8, но во второто е поразен со 12-8 од Александар Лупу од Молдавија.
„Во првата борба имаше апсолутна доминација против Италијанецот, а во втората, која беше за медал, загуби од Молдавецот које врвна класа на борец, но прикажа одлична борба“ вели тренерот на репрезентацијата Дарко Костовски и додава:
„Ако пред неколку години не можевме да поминеме рунда, сега веќе имаме европски медал и се бориме за други“.
Во сабота настапува Ана Марија Георгиевска.
Ipon.mk