Филип Додевски со бронза од „Сараево опен“ го почна походот кон ОИ Париз 2024

Филип Додевски (-87 кг) го почна походот кон Олимписките игри во Париз 2024. Додевски денеска обезбеди бронзен медал на „Сараево опен“ меѓународен таеквондо Г1 турнир кој носи бодови за олимписката ранг листа.

Филип денеска имаше две победи против Шимек Давид од Чешка и Сбахи Фахит од Јордан. Пораз во полуфинале во исклучително тесна борба со актуелниот медалист од Светското првенство Иван Шапина од Хрватска загуби со 6-8.

Резултати – „Сараево опен“:

Филип Додевски – Шимек Давид (Чешка) 9:5
Филип Додевски – Сбаихи Фахит (Јордан) 21-15
Полуфинале
Филип Додевски – Иван Шапина (Хрватска) 6-8

– Македонија настапи со пет натпреварувачи на овој силен турнир, а првото коло го поминаа и Ана Марија Георгиевска (до 67 кг) и Филип Стаменов (до 80 кг). Носителот на сребрен медал од ЛОИ во Токио годинава, Дејан Георгиевски, не настапи на овој турнир. Досега Додевски настапи на три Г1-турнири и освои два медала. Во Турција сребро и сега во Сараево бронза. На овие од серијата Г1-турнири, златото носи 10 олимписки бода, среброто седум, а бронзата три бода – вели селекторот на македонскана таеквондо-репрезентација и тренер на ТК Бутел, Борче Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON