Филип Додевски го честита „8 Септември“ со бронзен медал од Европското првенство во Шведска

Филип Додевски (-87кг) го честиташе Денот на независноста на најдобар можен начин освојувајќи бронзен медал на Европското таеквондо првенство до 21 година во Хелсингборг, Шведска.

Додевски Славеше против Азат Манукјан од Германија 30-13 и Матија Ружиќ од Хрватска 26-6. Во полуфиналето поради повредата загуби од натпреваруварувачот од Норвешка Милош Пилиповиќ.

„И за да биде се во наш стил, за жал, во последните секунди од борбата против Хрватот Филип се здоби со повреда на прстот од шаката, 99 отстотна фрактура. Но, најважно е што Филип е во ред и оваа повреда ќе ја надминеме како и сите до сега“, велат од нашата репрезентација и додаваат:
„Филип се обиде да се бори со таква повреда. Не се откажа, даде надчовечки максимум, но фала му на Господ, овој пат наша е бронзата“!

Од Македонската такевондо федерација изразуваат благодарност до Филип што на ваков начин го честита Денешниот празник, при што покажал голема поретвуваност и херојство, иако скршениот прст му нансеувал големи болки. Медалот од Европското првенство во овој олимписки спорт е поттик за нови успеси.

Медлаот на Додевски е трет за Македонија на Европските првенства во У-21, а пресотанатите два се во сопстевност на Дејан Георгиевски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON