Филип Божиновски важи за еден од најатрактивните ММА борци кај нас, а тоа го покажа и во Велес и во родната Битола, но други фактори (техниччка природа) му ги одземаа победите. На 21 јануари на Муња фајтинг чемпионшип (МФЦ) во Загреб има прилика да го покаже раскошниот талент против Матија Блажичевиќ во категоријата до 70 килограми.
Дали конечно Згреб ќе биде местото каде што ќе има голема победа?
-Се надевам дека во Загреб ќе прикажам силна и јака борба. Во прашање е доста искусен противник, но ќе дадам се од себе да победам.
Во Велес имаше атрактивна борба, а на карјот беше прогласена за неодлучена. Во Битола се бореше нерешено. Дали МФЦ е предизвик за вистинското издание?
-МФЦ е нова организација од Хрватска која ќе ја претставуваат доста искусни борци, како што е мојот противник Матија Блажичевиќ со преку 20 профи борби.
Дали го анализираше противникот?
-Гледав на Јутјуб некои борби од него. Се гледа дека одлично работи и партер и стенд-ап. Ќе биде квалитетна борба во која одлучваат моменти.
Во што си подобар од него?
-Мене лично ми одговара борба во партер. Па, доколку дојдеме до таа позиција, ќе се потрудам да го завршам со зафат или давење.
На што посвети внимание во овој период по ИСФА во Битола?
-По борбата во Битола на ИСФА гала вечерта продолжив активно со тренинизи. За овој турнир имавме отежнати подготовки поради студот, но што е тука е. Ќе дадам се од себе. Ова е само почеток, допрва доаѓа моето време.
Муња фајтинг чемпионшип 1
Листа на борби:
Станислав Крофак – Немања Радуловиќ 77 кг
Андреј Јуринец -Данијел Аранѓеловиќ 77 кг
Плеурат Смајли – Блажо Дардов 77 кг
Тиго Гилјевиќ – Аце Арсов 93 кг
Рок Крушиќ – Пепо Велков 66 кг
Матија Блажичевиќ – Филип Божиновски 70кг
Лука Чурковиќ – Никола Арсов 77 кг
Филип Гачеша – Марко Малиниќ 84 кг
Иван Ерслан – Мухамед Махмиќ 93кг
Зоран Џоџ – Мирза Сендиќ 77 кг
Дејан Стефановски – Синиша Дамјановиќ 84 кг
Ивица Трушчек – Борче Талевски 77 кг
Ipon.mk/В.Д.