Филип Блажевски и Ведрана Тунески двајцата репрезентативци и членови на ТК Бутел, денес во Ниш на кавификациски Е3 турнир обезбедија норми за младинското финално Град при кое ќе се одржи во Букурешт на крајот на годината.
Јуниорот Филип Блажевски (-68 кг) со две победи над противници од Хрватска и Грција освои бронзен медал и квалификациска норма.
Додека Ведрана Тунески (-41 кг) во кадетска конкуренција со две победи над натпреварувачки од Хрватска и (актуелната кадетска светска шампионка од Италија) освои бронзен медал и квалификациска норма.
„Одличен триумф на овој најсилен Е3 турнир за младинско олимписко таеквондо, над 1000 натпреварувачи од 30 држави од целиот свет. Перфектно се бореа Андреј Василевски, Дарко Георгиев и Теодор Стојановски. Сите тројца буквално за малку не успеаја да освојат квалификациска норма за финалното младинско Гранд при“, велат од ТК Бутел.