Тони Фергусон верува дека тој е причината што билетите за УФЦ 262 се распродадоа за неколку минути. Поранешниот шампион во лесна категорија се враќа да се бори со Бенеил Дариуш во главната борба на вечерта. Фергусон е во серија од два последователни порази и нов пораз ќе го исфрли од УФЦ.
Фергусон нема победа веќе две години и се соочува со тежок тест пред Дариуш, кој е во серија победи. Тони има учинок 25-5 во ММА и има завршено 20 од мечевите. Во два од поразите, Фергусон беше завршен. Не чека интересна битка.
„Нејт Дијаз е мојата кучка. Али Абделазиз е пушач. Сите ја знаеме причината зошто УФЦ 262 се распродаде за неколку минути. Шампионот се враќа. Завршивме голема работа. Одбројувањето за УФЦ 262 започна“, напиша Фергусон на социјалните мрежи.