Фергусон: Мек Грегор го искористи Мејведер како извинување за одалечувањето од УФЦ

Веќе упорно се зборува дека Конор Мек Грегор е близу до средба со Флојд Мејведер на боксерскиот ринг, заработувајќи и повеќе од солидна сума на пари.

Сепак, Тони Фергусон кој наскоро ќе се соочи со Хабиб Нурмагомедов во меч за привремената титула во лесна категорија, особено многу не се интересира за гласините за таа средба.

„El Cucuy“ е свесен дека тоа би значело оти Мек Грегор подолг период ќе биде надвор од октагонот, но според Фергусон, можеби, во случајот, токму и тоа е целта на Ирецот.

„Ова е маратон, а не спринт. Разликата е во тоа што многу луѓе пловат на површината навистина брзо, но потоа исчезнуваат. Мислам дека токму тоа го прави и Конор Мек Грегор. Тој веќе исчезнува. Го користи Мејведер како изговор, но тоа е спорт за вистински мажи – ако сака да премине во боксот и таму да му го сритаат газот, тоа си е негова работа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON