Фергусон: Хабиб е толку дебел што ќе треба да создава нови категории

Тони Фергусон го критикува Хабиб Нурмагомедов, кој неодамна создаде нова категорија во својата ММА организација. Хабиб потпиша со Кевин Ли и најави дека создава категорија до 75 килограми. Со години УФЦ сакаше да создаде ваква категорија, но до ден-денес не е создадена.

Меѓутоа, Хабиб очигледно ги слуша своите борци и им угодува за да не паднат на мерењето. Самиот Нурмагомедов имаше потешкотии на мерењата за своите битки и знае од прва рака за што се работи.

Хабиб и Тони требаше да се борат пет пати во минатото, но нивните средби пропаднаа. На социјалните мрежи „Ел Кукуј“ уште еднаш го критикуваше ривалот од Дагестан.

„Стариот дебел човек продолжува да се потпира на секакви деликатеси. Зар не разбира дека сиот овој џем веднаш му се таложи во бутовите?

Хаха – толку е дебел што требааше да воведе нова тежинска категорија. Каков идиот!“, напиша Фергусон.

Очигледно, по толку неуспешни борби, Фергусон се уште не може да го поштеди Хабиб Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON