Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Тони Фергусон изјави дека е подготвен да се ракува со Хабиб Нурмагомедов кога ќе се сретнат. Дуелот меѓу двајцата беше организиран пет пати, но никогаш не се одржа.
Новинар му постави прашања на Американецот во врска со Хабиб: Вашата последна прес-конференција беше многу забавна. Генерално, дали мислите дека тој има добра смисла за хумор? Дали имало работи што навистина ве насмеале низ годините?
„Не би рекол дека се смеев на што било со него. Не мислам дека е смешен, но неговите шеги понекогаш се смешни. Имаше и непријатни, како на пример плаќање на бездомник за склекови. Одвратно е, не можам да замислам да правам такви шеги.
Немам многу симпатии кон него, но го почитувам како противник. Ако го сретнам, ќе му подадам рака. И мора да правиме склекови заедно – тој ми должи 20 склека“, рече Фергусон.
Поранешниот привремен шампион ќе се бори со Бенил Дариуш на 16 мај на УФЦ 262.