Иако е само сенка на некогашниот борец, Федор Емилијаненко не може да се пожали на заработувачката.
Forbes.ru објави дека Емилијаненко го зазел 37-то место по заработувачка на познати личности во 2016 година. Во извештајот се наведува дека Федор минатата година заработил 2 милиона евра.
Интересно е тоа што во 2016 година се бореше само еднаш, така што парите веројатно ги платил Фајт најтс за неговата борба со Фабио Малдонадо. Поранешниот шампион на Прајд во овој славеше со многу сомнителна одлука на судиите.
Форбс објави и дека Федор во 2015 година заработи 2,2 милиони долари, а таа година се врати на борбеното поле со борбата со Индиецот Џаидеп Синг на првиот настан Ризин.
Уште нема податоци за заработувачката во 2017 година.