Федор за борбата во Белатор за прв пат ќе биде тестиран по пет години

fedor-do-vreka

Познати се сите податоци за тестирањето на допинг за Белатор 172, па така се истакнува дека Федор Емилијаненко ќе треба да се тестира и пред борбата, за да добие дозвола за настап.

Емилијаненко последен пат е тестирана пред нешто повеќе од пет години, кога го направи последниот меч во Америка. После тоа настапуваше во Јапонија и Русија, каде што не се спроведуваат стриктни тестирања и не мораше да задоволи допинг тестот.

Овој пат ќе мора да се подложи на тестирање веќе овие денови, за да може да настапи на Белатор 172, каде што на 18 февруари треба да се бори против Мет Митрион. За тестирањето е задолжена на Атлетската комисија на државата Калифорнија, а истите правила важат за сите борци кои ќе настапат во овој настан.

Како и за повеќето од борци кои своите најдобри резултати ги постигнаа во текот на Прајд, а за Емилијаненко многумина сметаат дека во текот на кариерата користел различни средства кои позитивно влијаеле на неговите настапи. Доколку нешто и земал, за оваа борба против Митрион секако дека мора да биде чист и нема да се оставри она што многумина го чекаат во невдените  пет години, Федоровото фраќање во американските кафези.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON