Федор е се поблиску до УФЦ, а за прв пат видовме некаква најава за тоа од неговата страна . На профилот на Федор на Инстаграм е поставена монатажа од соочување на Емилијаненко, а во позадина е кој друг ако не Дана Вајт.
Федор како опис на сликата напишал само еден збор : „Наскоро“.
Бидејќи многу луѓе веќе зборуваат за тоа како најувреливиот тешкаш на сите времиња потпишал договор со УФЦ, ова може да биде уште една потврда. Еден од коментарите е и на претседателот на УФЦ, кој само стави афирмативен смајли. Се уште ништо не е официјално, но ова е доволно за секој љубител на ММА, да му заигра срцето неколку секунди.