Федор посака титула во Белатор

Руската легенда Федор Емелијаненко сака да направи барем уште еден ММА меч пред да се повлече од спортот, и е подготвен оваа борба да биде за титулата.

44-годишниот борец во моментов е дел од составот на Белатор, каде се натпреварува во тешка категорија, каде што има намера да го нападне врвот на крајот од својата кариера.

„Да видиме, во зависност од ситуацијата, би сакал да се борам барем уште еднаш. Сè зависи од моето здравје. Не ми пречи ниту за титулата. Додека сум на одмор, размислувам за меч во Москва налето, или малку подоцна. Неодамна разговарав со Скот Кокер, има таков план“, коментира Емелијаненко.

Федор го коментираше и настапот на неговите сонародници Вадим Немков, кој е шампион во лесна категорија и Анатолиј Токов во Белатор.

„ММА е острината на борбите, сè може да се случи во секое време. Борците мора да бидат професионалци од секој аспект – борење, ударна техника. Во Русија, многу мажи внимателно ги следат ММА. Мислам дека популарноста на спорот расте. Е, имаме можност да ги поддржиме нашите борци. Го имаме Вадим, кој планира средба со Дејвис во 2021 година. Токов наскоро ќе се бори против Мусаси. Гледам промена во тимот. Момците немаат пораз, Вадим стана шампион, Токов може да се бори за појасот. Се надевам дека ќе остават трага во Белатор “.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON