Федор Емилијаненко неодамна се врати на ММА рингот и го победи Синг Џаидеп на турнирот организиран Ризин.
Еве што одговори „Последниот император“ на прашањето во врска со неговото евентуално пристапување на УФЦ или некоја друга организација:
„Отворен сум за преговори со сите организации. Ако имате какви било предлози, кажете, ние ќе ги разгледаме. Токму затоа сакаме и продолжуваме да работиме со Ризин – договорите ни со нив не се ексклузивни. Што се однесува до евентуалното потпишување на договор со M1 – попрво ќе ме видите да се борам во УФЦ отколку во M1“.