Федор откри нови моменти околу преговорите со Ризин

Emilijanenko portret

Откако Федор Емилијаненко изјави дека ќе се врати во ММА на Нова година, се поставија многу прашања.

Првично, најголемата мистерија беше која организација ќе успее да ја привлече ММА легендата. Потоа се покажа дека не е ниту една од посотоечките, туку јапонската Ризин ФФ, предводена од поранешниот шеф на Прајд, Нобујки Сакакибара.

Емилијаненко објасни како Сакакибара успеал да го ќари во неговата организација.

„Преговорите почнаа во април годинава. Тие прво ми понудија дали сакам повторно да се борам. Летото почнав сериозно да размислувам за добрите и лошите страни. Благодарение на поддршката на семејството, донесов одлуката.

Направивме неколку средби и конечно потпишавме договор“.

Емилијаненко изјави дека јапонската организација сакала да потпише договор со него за неколку мечеви, но, во моментов, тој има обврска кон нив за само една средба. Независно од тоа „The Last Emperor“ изјави дека може да има и други борби.

„ Во зависност од тоа што ќе се случи на овој меч, ќе видам што ќе правам понатаму“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON