Федор има проблеми со коленото, борбата со Мир не е довдена во прашање

По разочарувачкото деби за Белатор, Федор Емелијаненко (36- 5-1 НЦ) се подготвува за настап на Гран при на тешкашите.

Во својата прва борба за американската промоција 41-годишната ММА легенда изгуби со нокаут по 74 секунди од Мет Митрион.

На 28 април би требало да се врати во кафезот на Белатор во Чикагоr во четвртфиналето на турнирот каде што го чека поранешниот двоен УФЦ шампион Френк Мир (18-11) кој не се борел од март 2016 година и го поразот со нокаут од Марк Хант. Победникот од полуфиналето оди на Каел Сонен.

Тренерот на Федор, Владимир Воронов, изјави дека борецот има повреда на коленото, имено бурзитис, односно воспаление. Додаде дека се уште редовно тренира и дека настапот на ГП не е довден во прашање. Федор ќе се подготвува како и вообичаено во Стар Оскол.

Федор повеќе пати во текот на кариерата се бореше додека беше повреден или недоволно закрепнат. Четири месеци пред борбата со Кро Кап на Прајд ја скрши шаката, а во мечот со Марк Хант влезе со повредена нога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON