Федор: Хбаиб требаше да добие меч за титулата со Конор Мек Грегор

fedor-i-nurmagomedov

Славата на Хабиб Нурмагомедов во неговата родна Русија нема граници.

Легендарниот борец во тешката категорија и негов сонародник, Федор Емилијаненко, го кажа своето мислење за непоразениот борец во лесна категорија на УФЦ и неговиот пат кон мечот за титулата, која во моментов е во рацете на Конор Мек Грегор.

„Се зависи од раководството на УФЦ и самите борци. Мислам дека овој меч е можен. Хабиб одамна си го заслужи правото да се бори за титулата. Треба да му се даде оваа шанса“.

Хабиб за руските медиуми изјави дека шанста е 90 отсто да се бори за привремената титула во лесна категорија со Тони Фергусон на УФЦ 209. Сепак, во моментов Фергусон преговара за договорот со организацијата, а пак Русинот одби дуел со Хозе Алдо. Потоа татко му, Абдулманап Нурмагомедов, објасни дека го интересира средба само дуел со Конор Мек Грегор или во полусредна со Доналд Кероне.

„Ирец е многу добар во стоека позиција“, додаде Емилијаненко.

„Ова факт е познат. Но Хбаиб е професионалец за борба во партер позиција. Ако овој меч се одржи, сигурен сум дека ќе биде многу интересен“, рече Федор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON