Федор Емилијаненко засилено се подготвува во Холандија за скорешниот меч (ВИДЕО)

Emilijanenko i japonec borba

„Последниот император“ изјави дека би сакал неговиот следен меч да се одржи во неговата татковина. Тимот на Емелјаненко го знае противникот и деталите, но тие се уште не се објавуваат за публиката и медиумите.

Во моментот Фјодор тренира во Холандија, за да го користи големиот кикбоксерски потенцијал во „земјата на лалињата“. Истиот потег го видовме и во октомври 2015 година, кога тој и неколку негови спаринг партнери од Русија долетаа до Амстердам, за да му помогнат во подготовките пред натпреварот против Џајдип Синг на Ризин.

https://youtu.be/i474C4UL9RM

„Мојата следна борба ќе е во Русија. Не можам да ви ги кажам сите детали, но ќе се борам во Русија за моите фанови. Ќе се подготвувам со мојот тим, кој се бореше заедно со мене во Јапонија“, изјави легендата во мешани боречки вештини.

Fedor pred mikrofon

Тимот на 39-годишниот борец го сочинуваат Вадим Немков, Анатоли Прекин, Валентин Молдавски и Кирил Сиделников. Сите тие беа дел од новогодишната фајт карта на Ризин фајтинг федерејшн. Екипата од ММА натпреварувачи се подготвува заедно и имаат за цел остварување на високи спортски успеси во настапите во професионалните турнири.

Според новинарски информации неговиот настап може да го очекуваме за 4-5 месеци.

Подолу може да го погледнете целото интервју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON