Пред неколку недели голем дел од медиумите во светот посочија дека следниот противник на Федор Емилијаненко ќе биде човекот кој го победи во 2000 година, односно Цујоши Косака. Но веќе е јасно дека и поранешниот професионален борач ја одбил борбата со Русинот.
Четириесет и пет годишниот џудока ќе се сретне со Џејмс Томпсон за време на истиот турнир, во кој и Емилијаненко да земе учество.
Последен пат го видовме Косака во акција во далечната 2006 година, кога загуби со технички нокаут на ММА настанот Прајд ФЦ-Тотал елеиминејшн апсолут. По овој меч Јапонецот и стави крај на кариерата. Но очигледно е дека по девет 9 години ќе направи обид да се врати.