Федор Емилијаненко: Ова ми е најважната борба во кариерата (ВИДЕО)

Еден од најдобрите борци на сите времиња Федор Емелијаненко викнедов го предводи настанот Белатор 214 во Калифорнија во борба против Рајан Бадер во финалето на Гран при турнирот во тешка категорија. „Последниот император“ има 42 години и ова му е последна шанса да освои титула.

На отворениот тренинг рече дека ова е најважната борба за него.

„Секоја борба во мојата кариера беше многу важна. Мислам дека сега оваа битка е најважна работа во мојата кариера, бидејќи е во финалето на Белатор турнирот, а само ние успеавме да стигнеме до него. Бадер е одличен борец и е меѓу најдобрите.

Тој е различен од моите претходни противници и од она што сум го видел дека е врвен борец. Неговиот стил е многу различен и Рајан е борец кој може да мисли и е многу паметен. Немам што да докажувам, затоа што се борам за слава на мојата земја“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON