Федор Емилијаненко: Александар сам се изгуби

ММА легендата Фeдор Емелијаненко зборуваше за односите со неговиот брат. Сите знаеме дека Федор и Александар не се разбираат и ги прекинаа сите односи пред многу години. Неодамна, Александар откри дека не разговарале со Федор 10 години.

Федор вели дека многу му помагал на својот брат, но тој не престанал да оди кон дното. Александар, за жал, ќе остане запаметен по испадите и пијанството, а не по борбите во кафезот.

На крајот на месецот Федор ќе се врати во кафезот за да ја предводи гала вечерта на Белатор во Москва. Тој ќе се бори во тешка категорија со Тимоти Џонсон. Ова веројатно ќе биде последната битка во кариерата на легендарниот „Последен император“.

„Штета е што Александар вели дека никогаш не сме се разбрале. Раздорот се случи одамна. Единствениот што можеше да му ја каже вистината в очи бев јас.

Неговата совест не му дозволи да отвори уста на моја адреса. Седеше и слушаше со тап поглед. Очигледно му било доста и ја прекина врската. Кажуваше и правеше секакви глупости, секакви гадни работи, и тоа е тоа.

Тогаш веќе беше заминал за Санкт Петербург и започна да тренира таму. Александар се загуби. Жал ми е што сега му се случуваат работи. Никогаш нема да се караме еден со друг“, изјави Федор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON