Менаџерот на рускиот боксер Александар Поветкин, Дмитри Иванов, зборува за можна борба меѓу легендата на ММА Федор Емелијаненко и боксерската легенда Мајк Тајсон.
Пред неколку дена Федор откри дека цели кон боксерско деби. Конечно заврши со ММА, но планира да си ја проба среќата во рингот. За својот деби противник, Федор го сака Мајк Тајсон.
Ова е можеби најголемата борба што Федор може да ја добие во боксот. За жал, Иванов предвидува дека Емелијаненко нема да зема толку висока плата за оваа борба.
„Борбата меѓу Федор и Тајсон може да чини од 800 илјади до 1,5 милиони долари. Не сакам да ги потценувам заслугите на Емелијаненко и Тајсон. Да беше до мене, ќе им платeв повеќе.
Нивните имиња се големи и заслужуваат повеќе. Но, нивната борба нема да биде главна работа за вечерта и јасно е дека ќе биде ревијална. Тоа значи дека нема да биде повеќе од 4 рунди.
Да бев промотер, тогаш ќе се обидев да го убедам Федор да се бори за 500-800 илјади долари“, изјави Иванов за РБ Спорт.