Федор Емелијаненко го нокаутира Тим Џонсон за помлаку од две минути (ВИДЕО)

Долгоочекуваниот главен настан на гала вечерта на „Белатор 269“ траеше помалку од две минути. Врв на вечерта беше средбата на легендарниот руски ММА борец – Фeдор Емелијаненко и Американецот Тимоти Џонсон.

Настанот се одржа за прв пат во Русија – во ВТБ арена во Москва. Пред домашната публика, легендарниот Русин се врати во кафезот по 2-годишна пауза. 45-годишниот борец го стори тоа со нокаут.

Борбата во тешка категорија траеше помалку од две минути откако Феодор го нокаутира Тим Џонсон во втората рунда.

Победата над Американецот е 40-та во кариерата на Русинот во различни организации, меѓу кои и УФЦ. Борецот има само 6 порази во ММА билансот.

Во коглавната борба Саид Сома го победи Виталиј Минаков со прекин во третата рунда.

Усман Нурмагомедов имаше одличен настап, победувајќи го Патрик Пиетила во првата рунда со гушење (давење од позади).

Главна програма, Белатор 269:
Федор Емелијаненко – Тимоти Џонсон – КО (удари), Р1 (1:46)
Саид Сома – Витали Минаков – ТКО (повреда на раката), Р3 (3:08)
Усман Нурмагомедов – Патрик Пиетила – завр. (давење од позади), Р1 (4:06)
Анатоли Токов – Шараф Давлатмуродов – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)

Воведни борби:
Кирил Сиделников – Раб Трусдејл – ТКО (удари и лакти), Р1 (2:01)
Катарзина Садура – Дарина Мазџук – ТКО (удари),Р 2 (3:17)
Ирина Алексеева – Стефани Иело Пејџ – едно. одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Никита Михајлов – Брајан Мур- едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Алексеј Шуркевич – Грацик Божињан – КО (удари), Р1 (2:25)
Ајден Ли – Александар Осетров – завршница (давење од позади), Р1 (3:41)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON