Федор: Едноставно, ги сакам турнирите

Федор Емелијаненко е човек што e шкрт на зборови.

Така со неколку реченици ја најави својата борба против Френк Мир на 28 април во Чикаго во четвртфиналето за Големата награда Белатор. Станува збор за пресметка на поранешниот шампион на Прајд против поранешниот првак во тешка категорија на УФЦ.

38-годишниот Мир не се борел од март 2016 година кога беше нокаутиран од Марк Хант во првата рунда. По мечот тој беше позитивен на допинг-тестот и суспендиран.

Федор вели дека нема некоја посебна мотивација за борбата, но го радува настапот на турнирски формат.

„Го сакам турнисркиот формат, поради чувството што ви го дава. Еден куп моќни момци се борат, кој изгуби испаѓа. Фановите го сакаат тоа, бидејќи влоговите се големи“, рече 41-годишниот Русин.

Федор во последната битка во јуни загуби со нокаут во првата рунда од уште еден учесник на турнирот, Мет Митрион, со што ја прекина серијата од пет последователни победи.

Додека многу не влегуваше во деталите на борбата со Мир, нешто повеќе кажа за можниот расплет на турнирот.

„Секоја предност може да биде и мана. Ако имате помал борец тој ќе биде побрз од големите момци. Но, тој не е толку голем и моќен. Тоа е против него. Точно е, ќе пресуди тоа кој ќе може да ги искористи своите предности и ги сокрие недостатоците на реален начин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО